УТРО.мк

Црна Гора слави 20 години независност со концерт на Рики Мартин

Црна Гора слави 20 години независност со концерт на Рики Мартин
Vero

Светски познатиот латинопоп артист Рики Мартин ќе биде главната музичка ѕвезда на големата прослава во Подгорица по повод две децении од обновувањето на независноста на Црна Гора, што ќе се одбележи на 21 мај на Плоштадот на независноста.

Информацијата беше официјално потврдена преку објава на Фејсбук-страницата на Владата на Црна Гора, каде што се нагласува дека концертот ќе биде централниот културен настан во рамки на јубилејната програма.

Според владиното соопштение, настанот е замислен како свечен подарок за граѓаните, со цел да се одбележи значајниот државен јубилеј на начин што ќе ја истакне современата културна и уметничка сцена на земјата.

Рики Мартин, добитник на бројни меѓународни признанија, меѓу кои и MTV Latin Icon наградата и повеќе Греми признанија, е претставен како уметник кој со својата кариера оставил силен печат на глобалната музичка индустрија. Владата посочува дека неговиот настап во срцето на Подгорица ќе донесе енергија карактеристична за светските музички сцени.

Организаторите додаваат дека ваквиот настан ја зајакнува амбицијата на Црна Гора да се претстави како отворен простор за големи културни случувања и меѓународна уметничка размена.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран