УТРО.мк

(ВИДЕО) Иран тврди дека погодил американски воени бродови кои сакале да влезат во Ормутскиот теснец

(ВИДЕО) Иран тврди дека погодил американски воени бродови кои сакале да влезат во Ормутскиот теснец
Vero

Иранските државни медиуми јавуваат за ново зголемување на тензиите во Персискиот Залив, тврдејќи дека нивната морнарица спречила влез на американски воени бродови во Ормутскиот теснец, еден од најстратешките морски премини во светот.

Според соопштение на одделот за односи со јавноста на иранските вооружени сили, ситуацијата е ставена под контрола откако, како што наведуваат, „со решителна и брза реакција на морнарицата на Исламската Република, беше оневозможено навлегување на непријателски американски и ционистички разорувачи“ во областа.

Информацијата доаѓа кратко по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави дека американската војска ќе се вклучи во поддршка на бродовите кои наводно се соочуваат со тешкотии во овој клучен воден коридор. Набргу потоа, Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека ќе учествува во операцијата за обезбедување на пловидбата.

Во меѓувреме, иранската агенција Фарс објави драматична верзија на настаните, тврдејќи дека два проектила погодиле американски воен брод во близина на островот Џаск, откако, како што наведуваат локални извори, бродот не реагирал на предупредувањата да запре.

Според истите извештаи, по инцидентот бродот се повлекол од регионот, додека околностите околу наводниот напад засега не се независно потврдени.

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран