ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека нивниот лидер Христијан Мицкоски, заедно со други партиски функционери, новинари и бизнисмени, бил незаконски следен и прислушуван од безбедносните служби под контрола на СДСМ и ДУИ.
„Јавното обвинителство мора да реагира со темелна и транспарентна истрага и да го расчисти скандалозниот случај“, стои во соопштението на партијата, објавено од Макфакс.
Според ВМРО-ДПМНЕ, цели пет години граѓаните живееле во „заробена држава“, каде што се прекршувале основните човекови права, а АНБ и АР биле ставени во служба на „политичка мафија“.
Партијата го обвинува и јавниот обвинител Љупчо Коцевски дека дејствувал во интерес на СДСМ и ДУИ и дека со тоа ја намалил довербата во правосудството на само 2 проценти.
„Коцевски мора да понесе одговорност. ЈО да даде одговор кој стои зад наредбите на АНБ и АР и кој е дел од оваа мрежа на незаконско следење“, порача ВМРО-ДПМНЕ.