УТРО.мк

По убиството на Кирк: Засилени безбедносни мерки за Трамп

По убиството на Кирк: Засилени безбедносни мерки за Трамп
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп го зајакна обезбедувањето на два настани по убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк во Јута, објави Скај њуз.

Трамп присуствуваше на одбележувањето на годишнината од нападите на 11 септември во Пентагон и на бејзбол натпревар во Њујорк. Церемонијата во Пентагон беше преместена внатре од безбедносни причини, а за време на натпреварот беа воведени дополнителни мерки, вклучително и заштитно стакло пред претседателската ложа и присуство на снајперисти.

Претходно, Трамп преживеа обид за атентат во Пенсилванија за време на претседателската кампања, а Кирк беше убиен во средата додека настапуваше на Универзитетот во Јута.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран