УТРО.мк

Кремљ: Мировните преговори Русија–Украина во моментов се паузирани

Кремљ: Мировните преговори Русија–Украина во моментов се паузирани
Vero

Кремљ денеска соопшти дека мировните преговори меѓу Русија и Украина се „паузирани“, откако напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на три и пол годишниот конфликт засега не даваат резултати.

Портпаролот Дмитриј Песков истакна дека преговарачите можат да комуницираат преку канали, но додаде дека „не може да се очекуваат веднаш резултати“. Русија продолжува со воени операции и воздушни напади, додека Киев одбива територијални отстапки и бара распоредување на европски мировни сили.

Претходните три рунди на директни преговори во Истанбул завршија со ограничени размени на затвореници, без значаен напредок во решавањето на конфликтот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран