УТРО.мк

Осветување на Храмот Св. Константин и Елена во Скопје на 28 септември

Осветување на Храмот Св. Константин и Елена во Скопје на 28 септември
Vero

По тринаесет години изградба, централната градска улица „Македонија“ во Скопје конечно ќе го добие новиот православен храм Св. Константин и Елена. Црквата е целосно завршена, а од Скопската епархија на Македонската православна црква најавуваат дека осветувањето ќе се одржи на 28 септември.

Светата литургија ќе започне во 8:30 часот, а осветувањето ќе го изврши Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан во сослужение со архиереи на црквата. На церемонијата се поканети државниот врв, дипломатскиот кор, стопанственици, претставници на локалната самоуправа, медиуми и сите верници кои сакаат да присуствуваат на овој торжествен чин.

Изградбата започна во 2012 година, а финансиската поддршка за храмот беше обезбедена преку донаторски конференции, со придонес од политичари, бизнисмени и владички лица. Меѓу големите поддржувачи е и Кочо Анѓушев, кој финансиски ја поддржа изработката на фреските и целокупниот фрескоживопис.

Со завршувањето на Храмот Св. Константин и Елена, Скопје добива значаен духовен и културен објект кој ја краси централната градска улица и станува место на духовна и културна инспирација за сите верници.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран