УТРО.мк

Грција од 2019 година ја намалила стапката на 83 даноци и придонеси

Грција од 2019 година ја намалила стапката на 83 даноци и придонеси
Vero

Владата на Грција од почетокот на својот мандат во 2019 година ја намалила вкупно стапката на 83 даноци и придонеси, информира Министерството за финансии и економија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од овие намалувања, 25 се однесуваат на индиректно оданочување, вклучувајќи го намалувањето на ДДВ од 24 на 13 отсто за градски, приградски и копнен железнички превоз, како и за бебешки производи.

Меѓу новите мерки што ќе стапат на сила од 1 јануари 2026 година се: намалување на данокот на доход за вработени, пензионери, земјоделци и хонорарци, со посебен акцент на семејствата со деца и средната класа; воведување нова стапка од 25 отсто за приход од изнајмување недвижнини; намалување на ДДВ за 30 отсто на островите во северниот дел на Егејското море и Додеканезите, како и во префектурата Еврос со население до 20.000 жители.

Според податоците од Министерството, најголем дел од намалувањата биле воведени во 2020 година, како дел од економските мерки за поддршка на граѓаните и бизнисите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран