УТРО.мк

Мицкоски за загадувањето од „Дрисла“: Виновниците ќе бидат изведени пред лицето на правдата

Мицкоски за загадувањето од „Дрисла“: Виновниците ќе бидат изведени пред лицето на правдата
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше ситуацијата со депонијата „Дрисла“, од каде веќе неколку дена се шири густ чад, предизвикувајќи сериозно загадување на воздухот во Скопје.

Тој нагласи дека Владата и надлежните институции работат на решавање на проблемот и најави вклучување на полицијата.

„Како влада и институции ги преземеме сите мерки, да немате дилема. За Вардариште имаме осомничени лица, кои се приведени и за кои се покажа дека ја користеле илегалната депонија да произведуваат метали, за подоцна нелегално да ги продаваат. Таму од вчера има приватно обезбедување ангажирано од неколку општини, обезбедивме градежна механизација и ќе биде во полн состав и Вардариште е обезбедено, останува Дрисла“, рече премиерот.

Според него, депонијата „Дрисла“ вчера била санирана, но пожарот повторно се разгорел во текот на ноќта.

„Што се однесува до Дрисла, беше санирана вчера, но од некои чудни причини пред крајот на ноќта повторно се распламна, и денеска таму ќе се позанимава МВР. На линија сме со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, и очекувам проблемот да биде саниран. Јас сочувствувам со секој граѓанин кој го чувствува сето ова, но чудно е како во одредени јавни претпријатија каде што свои кадри има ДУИ се случуваат вакви работи. И тоа ќе го истражиме, и ќе обезбедиме соодветни докази како пожар кој беше ставен под контрола, одеднаш повторно да се распламти. И како сега кога успешно се справивме со пожарите, и покрај диверзиите, одеднаш да се случува сега повторно пред локалните избори. Вистинското прашање е кому сето ова му одговара. Ќе се занимаваме со ова прашање, и сите виновници ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, истакна Мицкоски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран