УТРО.мк

Мицкоски до Филипче: Јас не сум тој што дозволува декласифицирање, да почекаме да се произнесе јавното обвинителство

Мицкоски до Филипче: Јас не сум тој што дозволува декласифицирање, да почекаме да се произнесе јавното обвинителство
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека тој не е надлежен за декласифицирање на материјали од прислушкувањето и дека за тоа треба да се произнесе Јавното обвинителство.

„И Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност го доставија она што имаа до Обвинителството. Да почекаме Јавното обвинителство да се произнесе и да видиме како ќе се постапува понатаму. Јас не сум тој којшто дозволува да се класифицира или не“, рече Мицкоски одговарајќи на прашање на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче го праша Мицкоски зошто не дозволува декласификација на материјалите од времето кога бил лидер на опозицијата, со заштита на идентитетот, за да се утврди евентуална злоупотреба на Агенцијата за национална безбедност.

Мицкоски истакна дека таквите прашања често се користат за политичка дефокусираност и дека очекува Јавниот обвинител да постапува во интерес на правдата и вистината. „Не мислам дека ќе излезам овде од егзибиционистички причини да кажам нешто само за внимание. Со текот на времето ќе се види како ќе се постапува“, додаде премиерот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран