Градежната компанија Стентон Градба ја заврши реконструкцијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, обезбедувајќи младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година да ги одигра домашните квалификациски натпревари во модерни, безбедни и комфорни услови.

Стентон Градба изведе целосно зацврстување на металната конструкција и темелна обнова на кровниот покривач, со што трибината беше навреме подготвена да ги пречека навивачите и тимовите во стандардизирани услови. Ова е втора крупна интервенција на битолскиот стадион под водство на компанијата: минатата година успешно беше санирана северната трибина, со што „Петар Милошевски“ го зголеми капацитетот и ги усогласи безбедносните стандарди со барањата на УЕФА.

По ждребката во Нион, Македонија доби сериозни ривали – Полска, Шведска, Ерменија, Црна Гора и фаворизираната Италија, а првиот домашен предизвик беше токму дуелот со „аѕурите“ на 09 септември, кој успешно се одигра во Битола.
Со овие инвестиции, Битола се позиционира како центар на младинскиот репрезентативен фудбал. Инфраструктурата доби современ лик, а македонските фанови имаат уште една причина повеќе и понатаму да го исполнуваат стадионот и да ја поддржат селекцијата во квалификациите на пат кон Европското првенство 2027.