УТРО.мк

ВЛЕН: Бујар Османи е синоним за сомнителни тендери – Чаир не е прибежиште за корупцијата!

ВЛЕН: Бујар Османи е синоним за сомнителни тендери – Чаир не е прибежиште за корупцијата!
Vero

Државниот завод за ревизија потврди она што јавноста одамна го знае – Министерството за надворешни работи, во време кога министер беше Бујар Османи, спровело незаконски тендери поврзани со организацијата на Самитот на ОБСЕ во 2023 година.

Според наодите од извештајот:

– Потрошени се над 120 милиони денари без јасна документација;

– Нема доказ што точно било испорачано, инсталирано или оставено како трајна опрема во салата „Борис Трајковски“;

– Договорите и јавните набавки се реализирани нетранспарентно, со сериозни правни пропусти.

„Ова е уште една потврда дека каде и да оди Бујар Османи, зад себе остава сомнителни и криминални тендери,“ реагираат од ВЛЕН.

Од движењето потсетуваат дека ова не е изолиран случај. Османи, како министер за здравство во владата на Никола Груевски, исто така бил под сомнеж на СЈО за спорни јавни набавки.

„Граѓаните на Чаир добро знаат две работи:

Прво – Бујар Османи никогаш ништо нема направено за Чаир, ниту еден проект, ниту една инвестиција, ниту една иницијатива.

Второ – секогаш кога бил на функција, неговото име се поврзува со скандали, тендери и злоупотреба на јавни средства,“ велат од ВЛЕН.

Од таму прашуваат јавно:

„Дали ова е човекот што треба да го води Чаир? Дали Чаир треба да биде следната жртва на коруптивниот ракопис на Бујар Османи?“

„Чаир заслужува чесност, развој и одговорност – а не човек чие име се повторува во секој извештај за криминал и злоупотреба,“ се вели во реакцијата на ВЛЕН.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран