Премиерот Христијан Мицкоски со порака на социјалните мрежи ја одбележа годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, во кој животот го загубија македонски војници.
„Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува. Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети,“ напиша Мицкоски.
Тој додаде дека Карпалак останува и рана и аманет за сите идни генерации: „Да изградиме држава во која нема да има место за омраза, поделби и неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена. Македонија никогаш нема да ве заборави.“
Настанот кај Карпалак се смета за еден од најтрагичните моменти во поновата македонска историја и секоја година се одбележува со почит кон загинатите.