Одржувањето на машината за перење не мора да биде комплицирано. Со едноставни трикови и природни производи што веројатно веќе ги имате дома, можете да обезбедите чиста облека и да го продолжите векот на траење на уредот.
Редовната нега на машината е клучна за постигнување совршено чиста и свежа облека. Добрата вест е што не ви се потребни скапи средства – природни состојки како лимон, оцет и сода бикарбона се ефикасни и безбедни алтернативи.
Еден од наједноставните трикови за темелно чистење вклучува две таблети за миење садови кои треба да ги ставите директно во тапанот на машината, без отстранување на омотот. Потоа затворете ги вратите и пуштете циклус на 60 степени. Овој метод ги отстранува наслагите и нечистотијата, оставајќи ја машината освежена и подготвена за користење.
За оние кои преферираат природни решенија, препорачливо е да се искористи комбинацијата од лимон и паста за заби. Пресечете лимон на половина, нанесете паста за заби на пресечената страна и ставете го во тапанот на машината. Дополнително, нанесете малку паста на внатрешната страна од вратата. Оваа комбинација го отстранува непријатниот мирис, спречува заматување на стаклото и ја подобрува хигиената при перењето.
Овие едноставни и природни методи значително го олеснуваат одржувањето на домот на практичен и еколошки начин.