УТРО.мк

Магична вечер под ѕвезденото небо: „Кларинетска одисеја“ го воодушеви Бит Фест

Магична вечер под ѕвезденото небо: „Кларинетска одисеја“ го воодушеви Бит Фест
Vero

Под ѕвезденото небо на античката Хераклеја, четворица врвни кларинетисти – Исмаил Лумановски, Горан Бојчевски, Благојче Трајковски и Благој Ламњов – приредија незаборавна музичка вечер како дел од „Кларинетска одисеја“ на Бит Фест.

Публиката беше водена низ македонски мелодии и етно-џез импровизации, од познатите „Битола мој роден крај“ и „Калеш бре Анѓо“ до динамични блуз ритми. Посебна емоција предизвика изведбата на „Зејтин“ од Лумановски, посветена на покојниот професор Панде Татарчевски, долгогодишен музички педагог од Битола.

Музичкиот спој беше збогатен и со настапите на врвни инструменталисти: Давор Јордановски, Оливер Јосифовски, Алек Секуловски, Зоки Конги, Ади Имери, Ристо Крстевски, Илија Мицев и Александар Петров, како и хорот „Коруновска Арс Нова“, кои ѝ дадоа длабочина и раскошност на вечерта.

„Кларинетска одисеја“ ја пренесе македонската душа далеку од границите на Хераклеја, оставајќи силен впечаток кај публиката која возврати со стоечки овации. Настанот беше силен доказ дека Бит Фест останува синоним за култура, традиција и емоција споени во едно.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран