УТРО.мк

Театар под ѕвездите: „Ноќта кога ја убив месечината“ на 2218 метри надморска височина

Театар под ѕвездите: „Ноќта кога ја убив месечината“ на 2218 метри надморска височина
Vero

Во магичната атмосфера на Големо Езеро на планината Баба, на 2218 метри надморска височина, годинава ќе се одржи уникатен театарски настан под отворено небо. На 9 август, со почеток во 22 часот, љубителите на уметноста ќе имаат можност да ја проследат претставата „Ноќта кога ја убив месечината“ – проект насловен како театар „високо под ѕвездите“.

Настанот се одржува во организација на НУ Национален парк Пелистер – Битола, НУ Народен театар Битола и НУ Камерен оркестар Битола, кои заеднички ја создаваат оваа несекојдневна културна авантура, во синергија со природата и под отворено небо.

Сите посетители се повикуваат да бидат добро подготвени: носењето планинарска опрема, како и соодветни патики или чевли е задолжително, поради специфичната локација и теренот до Големо Езеро.

Настанот претставува совршен спој на културата, планинскиот дух и љубовта кон природата, а се очекува голем интерес од домашната и странската публика. Претставата најавува мистична и емотивна ноќ за паметење – таму каде што сцената е езерото, ѕидови се ѕвездите, а месечината… главна тема.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран