УТРО.мк

Армин ван Бурен вечерва во Битола: Светски музички спектакл на стадионот „Петар Милошевски“

Армин ван Бурен вечерва во Битола: Светски музички спектакл на стадионот „Петар Милошевски“
Vero

Битола вечерва ќе биде центарот на музичкиот свет – на Градскиот стадион „Петар Милошевски“ настапува една од најголемите светски ѕвезди на електронската музика, холандскиот диџеј Армин ван Бурен.

Настанот, организиран од Авалон продукција со поддршка на Општина Битола, е дел од програмата Bitola OpenAir и се најавува како најголемиот музички спектакл ова лето во Македонија. Илјадници посетители од цела земја и регионот пристигнуваат во Битола за да присуствуваат на шоуто на еден од највлијателните DJ артисти на сите времиња.

Сцената е веќе поставена, а светлосната и визуелната продукција ветуваат вечер исполнета со музика, енергија и незаборавна атмосфера. Армин ван Бурен, познат по своите динамични сетови и иновативни настапи, вечерва ќе донесе светски звук во срцето на Битола.

Организаторите најавуваат целосно аудиовизуелно доживување, на ниво со најголемите светски фестивали. Програмата започнува во раните вечерни часови, а настапот на Армин се очекува во главниот термин.

Овој концерт се смета за културен настан од меѓународно значење и дел од пошироката стратегија за развој на културниот туризам во Битола. Градот, ден по Илинден, го доживува својот најголем музички момент во поновата историја.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран