На 07.08.2025 во 11.49 часот на магистрален пат во село Гиновци, кривопаланечко, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Д.А.(69) од село Баратлија, општина Ранковце.
При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека Д.А. управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со брзина од 102 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.