За време на свеченото отворање на градинката „Бамби“ во Чаир, првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, ја истакна важноста на овој објект, кој се смета за најголем, најсовремен и најатрактивен во Македонија. Тој особено им се заблагодари на Фатмир Лимани и Висар Ганиу за нивната посветеност и работа во реализацијата на проектот.
Тој најави дека во наредните месеци ќе започне изградбата и на две други модерни градинки – „Везеза“ и „Боробарда“(Снежана).
„Овој објект, кој е најголем, најсовремен и најатрактивен во Македонија, сакам да им се заблагодарам и на Фатмир Лимани и на Висар Ганиу за работата што ја направија. Да ве информирам дека ова чинеше приближно 2 милиони евра. Исто така, од Владата се издвоени над 3,5 милиони евра за изградба на вакви објекти и за да заминат во историјата старите комунистички бараки во Чаир, кои беа со лоши услови за децата, за сегашните и идните генерации. Така, многу скоро, во наредните месеци ќе почнеме со градинката ‘Везеза’. Плус уште две градинки со вакви размери и толку атрактивни, со многу подобри услови за нашите деца“, изјави Меџити.
Заменик-претседателот на Владата нагласи дека овие инвестиции имаат за цел подобрување на условите за живот и образование на децата од заедницата, создавајќи побезбедна и посоодветна средина за нивниот развој.