УТРО.мк

Бети Стаменкоска Трајкоска: Започнува изградбата на нова спортска сала во Драчево – инвестираме во иднината на децата

Бети Стаменкоска Трајкоска: Започнува изградбата на нова спортска сала во Драчево – инвестираме во иднината на децата
Vero

Денеска, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, го посети просторот кај ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево, каде што наскоро ќе започне изградбата на нова спортска сала за учениците.

Салата е дел од вкупно 22 проекти што се обезбедени за општина Кисела Вода, а како што истакна пратеничката, оваа инвестиција е резултат на координирана и одговорна соработка помеѓу централната и локалната власт.

Со јасна цел – да создадеме подобри услови за воспитување и развој на децата. Нашата работа не завршува во собраниската сала. Таа продолжува тука, на терен, со реални чекори и видливи резултати“, нагласи Стаменкоска Трајкоска.

Таа подвлече дека секоја инвестиција во младите е вложување во иднината на државата, додавајќи дека ваквите проекти се доказ дека кога има волја и визија, има и резултати.

Новата спортска сала ќе обезбеди современи услови за физичко образование и спортски активности, со што ќе се поттикне здрав развој и активно детство кај учениците од ова основно училиште.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран