УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Нека ни е за многу години Света Петка – верата и љубовта нè прават посилни

Ѓорѓиевски: Нека ни е за многу години Света Петка – верата и љубовта нè прават посилни
Vero

Со порака за духовна радост, заедништво и христијанска љубов, градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на светата литургија по повод големиот христијански празник Света Петка. Богослужбата во црквата „Св. Петка“ ја водеше Поглаварот на Македонската православна црква – г.г. Стефан.

„Со огромна радост и духовна исполнетост денес сме тука, во светиот храм, каде што чувствуваме мир, љубов и сплотеност меѓу верниците. Црквата нè учи дека кога сме заедно, во вера и љубов, сме непобедлива сила,“ изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот нагласи дека кога срцето е исполнето со Христовата љубов, тогаш секој ден е празник, а секое дело – благослов.

„Нека е за многу години Света Петка! Среќна слава и име на сите кои денес празнуваат. Нека молитвите на светата маченица нè чуваат, заштитуваат и водат по патот на спасението,“ порача Ѓорѓиевски во честитката до сите верници.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран