Зголемена фреквенција на „Богородица“ – чекање околу 30 минути
Поради зголемен сообраќај, на граничниот премин „Богородица“ времето на чекање е околу 30 минути. На останатите премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Според информации од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот е зголемен, особено надвор од градските средини.
АМСМ апелира за прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и зголемено внимание при возење, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде е можен појав на одрони. Како покритични се издвојуваат: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.