Центарот за управување со кризи соопшти дека реката Пчиња се излеала од своето корито за околу 20 сантиметри на подрачјето на селото Пелинце – Старо Нагоричане, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и кај бања Стрновац. Според првичните информации, излевањето засега не зафаќа куќи или викендици.
Дополнително, кај Коински мост е забележано значително насобирање на дрвја, што го отежнува нормалниот проток на реката и може да предизвика дополнително зголемување на водостојот.
ЦУК информира дека за состојбата е навремено известено Водостопанство Куманово, кое треба да постапи согласно своите надлежности. Ситуацијата се следи континуирано.






















