УТРО.мк

Куќа никнала преку ноќ: Бесправна градба откриена на имот на ИВЗ!

Куќа никнала преку ноќ: Бесправна градба откриена на имот на ИВЗ!
Vero

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот Е.А. од тетовското село Селце, поради сомнение дека извршил кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Според полицијата, пријавениот како инвеститор изградил семејна куќа на катастарска парцела која е во сопственост на Муфтиството на Исламската верска заедница, без да обезбеди потребно одобрение за градба од Општина Тетово.

Објектот бил подигнат без никаква валидна документација, а со тоа, како што наведуваат од СВР Тетово, бил узурпиран имот што не е во негова сопственост.

Предметот е проследен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран