На територијата на државата денеска до 18:30 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, пет се активни, два се под контрола, а седум се целосно изгаснати, информира ЦУК.
Активните пожари се лоцирани во следниве области:
Општина Прилеп, село Бешиште, каде гори приземна квалитетна мешана шума, со повторно обновен крак кај село Градешница во Општина Новаци;
Општина Македонски Брод, село Црешнево, во деградирана дабова шума и грмушки;
Општина Арачиново, села Орланци и Брњанци, каде гори сува трева и мешана шума;
Општина Кочани, село Зрновци, во лозје.
Пожарите кои се под контрола се регистрирани во Општина Кочани, населба Трајаново Трло (сува трева и ниска деградирана шума), и во Општина Македонска Каменица, село Мошица, во борова шума.
Пожарите кои се целосно изгаснати се лоцирани во близина на Алфи Техноцентар во Куманово, во близина на ЕВН во Тетово, село Врапчиште во Гостивар, село Езерани во Ресен, село Грчиште во Валандово, Ајватовски рид во Илинден и општина Бутел (депонија).
Од Центарот за управување со кризи апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движење и активности во природа и веднаш да пријавуваат секој забележан пожар на бројот 112.