
Скопје и останатите делови од земјата денеска ќе се разбудат со променливо облачно небо, проследено со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, се очекуваат локални врнежи од дожд. Ветерот ќе биде променлив, а температурите во главниот град ќе се движат од 3 до 11 степени.
На планинските и повисоките предели, особено во западните региони, ќе има снежни врнежи, а северозападниот ветер ќе дува умерено, со можност за повремено засилување. Минималните температури низ државата ќе се движат меѓу 1 и 5 степени, додека максималните ќе достигнат од 8 до 14 степени.























