УТРО.мк

Поплавена улицата „Арсо Мицков“ во Ѓорче Петров, жителите бараат помош од општината

Поплавена улицата „Арсо Мицков“ во Ѓорче Петров, жителите бараат помош од општината
Vero

Жителите на улицата Арсо Мицков во населбата Даме Груев алармираат дека повторно се соочуваат со сериозни проблеми поради поплавување на коловозот и на приватните имоти. Според нивните сведоштва објавени на социјалните мрежи, водата навлегла во подрумите и дворовите, а движењето по улицата било можно единствено со гумени чизми.

Граѓаните посочуваат дека ова не е изолиран случај, туку проблем што се повторува трета година по ред. Тие велат дека секој пообилен дожд ја претвора улицата во непроодна зона, создавајќи материјална штета и секојдневни потешкотии за локалното население.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран