УТРО.мк

Силен ветер предизвика пад на кровна конструкција на средно училиште во Гевгелија

Силен ветер предизвика пад на кровна конструкција на средно училиште во Гевгелија
Vero

Силен ветер го однесе металниот покрив на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, но за среќа, нема повредени. Инцидентот е пријавен, а на лице место веднаш се упатени службеници од МВР и надлежните институции.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека е известена ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат сите потребни мерки за да се обезбеди безбедност и да се справат со последиците од настанот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран