
Вчера во 09:45 часот во ОВР – Неготино, 18-годишник од демиркаписко, пријавил дека во октомври или ноември 2025, едно машко лице во Неготино му ја земало и фотографирало неговата лична карта со изговор дека е потребно во постапка за делење на пакети за црквата за што би добиле паричен надомест, но до пријавување не бил повикан да дели пакети, ниту добил пари и се сомнева дека личната карта му била злоупотребена за подигнување на кредит во финансиско друштво.
Во меѓувреме, тој добил писмо од финансиско друштво во кое се бара отплата на кредит подигнат на негово име во износ од 215.731 денари. Младиот жител се сомнева дека лицето што ја зело неговата лична карта го подигнало кредитот без негова согласност.























