УТРО.мк

ВЛЕН: Коридорот 8 е стратешка оска за безбедноста и евроатлантскиот развој

ВЛЕН: Коридорот 8 е стратешка оска за безбедноста и евроатлантскиот развој
Vero

Коалицијата ВЛЕН го поздрави потпишувањето на Заедничката декларација за Коридорот 8 во рамки на Министерскиот форум во Тирана, оценувајќи го како чекор од особено стратешко значење за безбедноста и евроатлантското позиционирање на државата.

Според ВЛЕН, Коридорот 8 не претставува само економски проект, туку и клучна источна–западна артерија што го поврзува Јадранското со Црното Море и го зајакнува стратешкиот мобилитет во евроатлантскиот простор. Во услови на засилени геополитички предизвици, модерната инфраструктура, како што наведуваат, придонесува за регионална стабилност, побрза реакција и подобра координација со стратешките партнери, во согласност со стандардите на НАТО.

Од коалицијата истакнуваат дека за Албанците, но и за сите граѓани, Коридорот 8 носи конкретни можности за развој на регионите долж неговата траса, привлекување инвестиции и отворање нови работни места. Воедно, проектот го зајакнува поврзувањето со партнерите од Европската Унија, со што безбедноста и економскиот развој се одвиваат паралелно.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран