УТРО.мк

Димитреска Кочоска најавува мерки за намалување на сивата економија

Димитреска Кочоска најавува мерки за намалување на сивата економија
Vero

Министерката за финансии, Гордана Димитреска Кочоска, истакна дека борбата против неформалната економија е клучна за создавање праведно општество, стабилни јавни финансии и еднакви правила за сите.

Според неа, неформалната економија ја намалува конкурентноста, ги ограничува буџетските приходи и создава нелојална конкуренција кон чесните компании. Наместо репресија, целта на Министерството е формализација – создавање фер и транспарентни услови за работа, поедноставени процедури и поддршка за сите што сакаат да работат законски и одржливо.

Димитреска Кочоска нагласи дека преку дигитализација на процесите, воведување на системот е-фактура, унапредување на работата на УЈП, намалување на плаќањата во готово и усогласување на регулативата со европските стандарди, се поставуваат цврсти темели за модерна, транспарентна и конкурентна економија.

„Нашата цел е мерлива – намалување на неформалната економија и зајакнување на довербата во институциите“, истакна министерката, изразувајќи благодарност до институциите, бизнис-заедницата, синдикатите, граѓанските организации, академската заедница и меѓународните партнери, особено UNDP, за заедничката посветеност кон оваа долгорочна реформа.

Димитреска Кочоска потенцираше дека заедно се гради економија во која чесноста се вреднува, довербата се зајакнува, а можностите се еднакви за сите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран