
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изрази надеж дека САД ќе одберат рационален пристап и нема да ѝ веруваат на дезинформациите дека Техеран веќе поседува нуклеарно оружје. Според иранскиот лидер, Техеран е подготвен да се подложи на строги проверки како доказ за својата нејдерна позиција.
Иранскиот шеф на дипломатијата оцени дека преговорите покажале конкретен напредок, по втората рунда разговори во Женева. Тој најави дека Техеран и Вашингтон ќе продолжат со изработка на заеднички нацрт‑предлози, кои би можеле да постават основа за евентуален договор.























