
Тирана го пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој денеска пристигна за учество на значаен регионален министерски состанок. На аеродромот, официјално се сретна со Вилма Пренти, заменик-министерката за Европа и надворешни работи на Албанија.
Средбата е посветена на развојот на Коридор VIII, стратешки транзитен коридор кој го поврзува Јадранското со Црното Море. На состанокот учествуваат и министрите од Италија, Бугарија и Романија, а главната цел е унапредување на инфраструктурните проекти и решавање на предизвиците што го забавуваат регионалниот транспорт и економска интеграција.























