УТРО.мк

Мерц ја исклучи опцијата за германско нуклеарно оружје, предлага европско одвраќање

Мерц ја исклучи опцијата за германско нуклеарно оружје, предлага европско одвраќање
Vero

Германскиот канцелар Фридрих Мерц јасно стави до знаење дека Германија нема намера да се упушта во трката за нуклеарно оружје. Во предвремено снимено интервју за политичкиот подкаст „Промена на власта“, Мерц рече дека не гледа причина земјата да развива сопствен независен нуклеарен арсенал.

„Не сакам Германија да размислува за стекнување нуклеарно оружје“, нагласи тој, повикувајќи се на меѓународните обврски на земјата, меѓу кои и Договорот „Два плус четири“ од 1990 година, кој го отвори патот за повторно обединување на Германија, како и Договорот за неширење на нуклеарно оружје.

Канцеларот сепак, не ја исклучи можноста германските воени авиони да бидат дел од евентуално европско нуклеарно одвраќање. Тој потсети дека германските „Торнадо“ веќе се стационирани во воздухопловната база Бихел за потенцијално распоредување на американско нуклеарно оружје, и дека теоретски таа улога би можела да се прошири и на француското или британското нуклеарно вооружување.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран