
Општина Битола, во соработка со јавното претпријатие „Паркинзи“, постави физички пречки – столпчиња – со цел да се означи пешачка патека од двете страни на дел од улицата „Св. Кирил и Методиј“, која води од кај градската библиотека кон зградата на поранешната општина.
Со новите мерки, паркирањето на автомобили што го попречуваа движењето на пешаците е забрането, а улицата е организирана како еднонасочна. Вертикалната и хоризонталната сигнализација дополнително го обезбедуваат непреченото движење на граѓаните.
Градоначалникот Тони Коњановски истакна дека со ова се зголемува безбедноста на пешаците и се подобрува урбаната мобилност во централното подрачје на Битола.























