УТРО.мк

Проданоски: Ѓоко Јочкоски нов директор на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп

Проданоски: Ѓоко Јочкоски нов директор на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп
Vero

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека Ѓоко Јочкоски е именуван за нов директор на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп.

Јочкоски е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство токму во ова јавно претпријатие, што, според Проданоски, претставува цврста основа за одговорно, професионално и посветено раководење во интерес на граѓаните.

„Очекуваме нови позитивни промени и унапредување на работењето на претпријатието, кое треба да продолжи да функционира како ефикасен и квалитетен сервис за сите прилепчани“, посочи Проданоски.

Тој воедно упати благодарност до досегашното раководство на претпријатието за вложениот труд, посветеноста и придонесот во досегашното работење.

Со ова именување, локалната самоуправа очекува континуитет во обезбедувањето квалитетни комунални услуги и подобрување на инфраструктурата во Прилеп.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран