
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (18.02.2026) без електрична енергија ќе останат делови од повеќе населени места во тетовскиот регион, меѓу кои Брвеница, Гајре, Пршовце и Жеровјане.
Во Брвеница, прекинот е најавен од 09:00 до 14:00 часот, при што без струја ќе биде дел од селото на влезот. Во Гајре, електрична енергија нема да има од 08:45 до 15:00 часот, и тоа во дел од селото, како и кај МХЦ 3.
Во Пршовце, прекинот ќе трае од 09:30 до 13:00 часот, при што ќе бидат зафатени објекти во близина на фабриката за прозори на патот кон Јегуновце. Во Жеровјане, пак, струја нема да има од 09:30 до 14:30 часот, за објектите на влезот во селото.























