УТРО.мк

Нивото на Вардар се намалува, моментално нема ризик од излевање

Нивото на Вардар се намалува, моментално нема ризик од излевање
Vero

По неколкудневни интензивни врнежи и силен ветер, ситуацијата со водостојот на реката Вардар во Тетовско полека се стабилизира. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека нивото на реката е намалено и моментално нема опасност од излевање. Сепак, патниот правец меѓу селата Тумчевиште и Чегране останува затворен поради безбедносни причини.

Ноќта донесе нови предизвици за општините Теарце и околината. Во селата Нераште и Глоѓи паднаа две бандери од Телеком. Во Нераште бандерата се најде покрај патот и не го блокира сообраќајот, додека во Глоѓи падна директно на патот. Тимови на Телеком се известени и интервенираат за да го решат проблемот во текот на денот.

Скопје, пак, се соочи со последиците од силниот ветер во скопската котлина. Според ЦУК, на шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, предизвикувајќи материјална штета на повеќе автомобили. Информирани се СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои интервенираат во рамки на своите надлежности.

Поплавите од претходните денови, кои го зафатија селата Чајлане, Буковиќ и Семениште, полека се стабилизираат, велат од ЦУК. На територијата на Кичево, состојбата исто така се очекува да се нормализира, а магистралните патишта се проодни и сообраќајот тече редовно.

Состојбата со евакуираните лица останува непроменета. 250 лица од 63 семејства продолжуваат да примаат храна, вода и основни средства. Медицинскиот центар врши здравствени прегледи и дава совети, додека ЈП „Комуналец“ со поддршка од локални компании работи на расчистување и продлабочување на коритото на Зајашка Река.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран