УТРО.мк

Нападнати полицајци во Неготино – МВР со детали од настанот

Нападнати полицајци во Неготино – МВР со детали од настанот
Vero

36-годишен маж од Америка е лишен од слобода, по напад врз полициски службеници од ОВР Неготино, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.

Како што информираат од полицијата, настанот се случил во раните утрински часови, односно во 02:00 часот кај наплатна станица Демир Капија, кога полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Р.С.(36) од САД.

-При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.С., кој дал на увид сообраќајна дозвола и возачка дозвола, но одбил да приложи документ за лична идентификација, по што физички ги нападнал полициските службеници кои вршеле службени дејствија, соопштија од СВР Велес.

За настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin