УТРО.мк

Мицкоски: Владата ќе повлече од набавката на нов владин авион

Мицкоски: Владата ќе повлече од набавката на нов владин авион
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата се повлекува од набавката на нов авион, по серијата критики од опозицијата. Мицкоски посочи дека, наводно, лидерот на СДСМ Венко Филипче на средбата му ветил дека темата за нов авион нема да биде предмет на критика, бидејќи според него „утре ќе биде друга влада“.

„Но, се чини дека не се држат до зборот. Затоа ние ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи. Ако нешто се случи, тогаш ќе им стане јасно дека дебатата за идни премиери и идни влади е бесцелна“, изјави Мицкоски во разговор со новинарите.

Премиерот нагласи дека владиниот авион е во одлична возна состојба, а иницијативата за набавка на нова леталка, според него, била поттикната од самиот екипаж кој управува со авионот.

Тој детално објасни колку пати го користел авионскиот транспорт и за кои дестинации. „Четири пати сум летал со владиниот авион. Првата пригода беше на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан за билатерална средба. Потоа патував со комерцијален лет до Виена бидејќи еден од екипажот имаше приватни обврски. На повраток, авионoт ме врати во Скопје. Втората прилика беше во Белград, каде отидов и се вратив со владин лет. Третиот пат патував за Сплит, Хрватска, на покана на претседателот Зоран Милановиќ. Мојот работен и приватен план се промени, па заради задоцнет комерцијален лет, владиниот авион ме донесе назад во Скопје. Четвртиот лет беше до Тирана“, објасни Мицкоски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран