УТРО.мк

Шест пожари на отворен простор до пладне – два сè уште активни

Шест пожари на отворен простор до пладне – два сè уште активни
Vero

До 12:00 часот денеска, Центарот за управување со кризи евидентирал вкупно шест пожари на отворен простор низ земјава. Од нив, два се сè уште активни, четири се ставени под контрола, а ниеден не е целосно изгаснат до овој момент.

Активни пожари се бележат:

во селото Николич, општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума;

во селото Перово, општина Ресен, каде што е зафатена трска.

Под контрола се пожарите во:

селата Црнилиште и Дебреште (општина Долнени) – депонии,

регионот меѓу Црешнево, Крапа и Локвица (општина Македонски Брод) – деградирана дабова шума и грмушки,

селото Џидимирци, општина Велес – мешана шума.

Надлежните служби се на терен и активно работат на локализирање и целосно гаснење на пожарите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран