УТРО.мк

ЕУ подготвена за контрамерки по најавата на Трамп за 30% царини на европски стоки

ЕУ подготвена за контрамерки по најавата на Трамп за 30% царини на европски стоки
Vero

По најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека од 1 август САД ќе воведат 30% царини за повеќето стоки од Европската унија, Европската комисија најави дека е подготвена да одговори со соодветни мерки за заштита на интересите на Унијата.

„Остануваме подготвени да продолжиме да работиме кон постигнување договор до 1-ви август. Истовремено, ќе ги преземеме сите потребни чекори за заштита на интересите на ЕУ, вклучително и преземање пропорционални контрамерки доколку е потребно“, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Трамп образложи дека САД мора да се оддалечат од „долгогодишните и големи трговски дефицити“ со ЕУ. Тој во писмо до Фон дер Лајен, објавено на платформата Truth Social, наведе дека новите царини ќе се однесуваат и на стоки од Мексико.

Фон дер Лајен нагласи дека Европската унија останува посветена на фер трговија и дијалог со САД, но предупреди дека новите мерки би можеле сериозно да ги нарушат трансатлантските синџири на снабдување, на штета на бизнисите и потрошувачите на обете страни од Атлантикот.

„Малку економии во светот можат да се споредат со нивото на отвореност и почитување на практиките за чесна трговија на ЕУ“, рече таа, додавајќи дека Унијата веќе работи на продлабочување на трговските односи со други глобални партнери врз основа на правила и почитување на меѓународниот поредок.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран