Во текот на 2024 година, од јавниот водовод биле зафатени и преземени 306.649 илјади м³ вода за снабдување, што претставува зголемување од 4,6% во споредба со 2023 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем дел од оваа вода, односно 57% бил зафатен од изворски води, додека најмал удел, од само 1%, имале езерата.
Испораката на вода од јавниот водовод исто така бележи раст – во 2024 година била испорачана за 2,6% повеќе вода отколку во 2023 година. Најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 69% од вкупната испорачана количина.
Во однос на отпадните води, во 2024 година било испуштено 12% повеќе отпадни води отколку во претходната година. Од нив, 75,5% биле непречистени, а само 24,5% пречистени.