Летото 2025 година се очекува да биде со натпросечни температури во тримесечниот период јули-август-септември, со зголемена фреквенција на топлотни бранови, епизодна нестабилност и локализирани конвективни врнежи. Според прогнозите од ECMWF и Коперниковата служба за климатски промени (C3S), просечната температура за јули и август може да биде повисока за 1–2°C над климатската норма (1991–2020), особено во пониските урбани подрачја. Иако количините на врнежи ќе останат блиски до нормалата, распределбата ќе биде нерамномерна, со зголемена веројатност за краткотрајни, но интензивни локални временски непогоди. Нестабилноста ќе биде дополнително поттикната од позитивните аномалии на температурата на морската површина (SST-Sea Surface Temperature), пониски вредности на приземниот воздушен притисок и неутрални услови за ENSO (El Niño–Southern Oscillation; Ел Нињо–Јужна Осцилација).

Слика 1 Метеограм за Скопје, со прогностички тричасовни временски серии за температурата, ветерот, врнежите, притисокот и влажноста добиени од GFS моделот.

Слика 2. Просечни месечни, годишни и екстремни вредности за стандарден климатолошки период 1991-2020 г.