УТРО.мк

Љатифи: По 25 години започнува модернизацијата на трафостаницата „Скопје 2“ – инвестиција за енергетска сигурност и стабилност

Љатифи: По 25 години започнува модернизацијата на трафостаницата „Скопје 2“ – инвестиција за енергетска сигурност и стабилност
Vero

Со засилено темпо се одвиваат работите на трафостаницата „Скопје 2“, каде по повеќе од 25 години започна комплетна модернизација и замена на високонапонската опрема. Овој проект е дел од стратегијата за модернизација на електроенергетската мрежа во земјава.

Генералниот директор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи, информираше преку социјалните мрежи дека денес се врши замена на третиот прекинувач на трансформаторот Т1, што претставува значаен чекор кон обезбедување посигурно и постабилно снабдување со електрична енергија за Скопје и околината.

„Оваа трафостаница повеќе од 25 години немаше сериозна реконструкција. Сега, со посветена работа и сопствени средства, инвестираме во нејзина целосна ревитализација“, нагласи Љатифи.

Тој додаде дека овој проект е доказ за заложбата за одржлив развој и енергетски систем подготвен да се справи со идните предизвици.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран