Еврото бележи раст од 13% – доларот под удар поради политичка нестабилност во САД
Еврото денес го надмина нивото од 1,17 долари, достигнувајќи највисока вредност од септември 2021 година. Од почетокот на 2025 година, заедничката европска валута порасна за 13%, а од инаугурацијата на Доналд Трамп – дури 15% во однос на доларот.
Главни причини за овој раст се слабеењето на довербата во американскиот долар, забавувањето на економијата во САД и политичкиот притисок врз Федералните резерви. Се шират шпекулации дека претседателот Трамп планира да го замени Џером Пауел како шеф на ФЕД уште оваа есен, што го зголемува стравот од загуба на независноста на централната банка.
Аналитичарите предупредуваат дека јакнењето на еврото повеќе се должи на слабоста на доларот, отколку на економска сила на еврозоната. Техничките анализи предвидуваат можен раст до нивото од 1,20 долари, доколку продолжат ваквите трендови.