
Сончево и топло време со мала до умерена облачност денеска ќе преовладува во земјава. Попладне локално се очекува појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималните температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека максималната температура ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од Скопската Котлина постојат услови за нестабилност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Според прогнозата на УХМР, утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските региони.
Од четврток се очекува нов период на многу топло време, а во текот на викендот дневните температури наместа се очекува да надминат и 40 степени Целзиусови.

















