УТРО.мк

Битката со огнената стихија продолжува: Активни седум пожари низ Македонија

Битката со огнената стихија продолжува: Активни седум пожари низ Македонија
Vero

Во Македонија до 18:00 часот се регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, два се ставени под контрола, а 13 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума, како и кај Батинци во Општина Студеничани. Пожар има и во близина на село Палиград во Општина Зелениково, каде што е зафатена ниска вегетација и шума.

Активни се и пожарите кај м.в. Видуш, во близина на селата Драгов Дол и Локвица, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Поголем пожар е активен и во реонот на село С’лп, на потегот Горно Село, со ширење кон Карабуњиште, Бузалково, Добрино и Тисовица. Зафатени се ниска вегетација, дабова и габерова шума.

Пожарот кај селата Копанце и Туденце во Општина Јегуновце се проширил кон село Бојане во Општина Сарај, каде што гори мешана шума.

Активен е и пожарот во прилепското село Чаниште, каде што е зафатена ниска вегетација.

Под контрола, според ЦУК, се пожарите во депониите кај село Железница во Кратовско и во Делечево.

Во текот на денот се изгаснати вкупно 13 пожари, меѓу кои и пожари во Кумановско, Крушевско, Прилепско, Долненско, Битолско, Ресенско, Штипско, Желинско, Дојранско, Струшко, Росоманско и Студеничанско.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin