УТРО.мк

Почна исплатата на „МојДДВ“: Граѓаните ги добиваат парите на трансакциските сметки

Почна исплатата на „МојДДВ“: Граѓаните ги добиваат парите на трансакциските сметки
Vero

Исплатата на повратот на дел од платениот данок на додадена вредност преку мерката „МојДДВ“ започна денеска. Корисниците кои ги исполнуваат условите може да очекуваат средствата да им бидат префрлени директно на нивните трансакциски сметки.

Управата за јавни приходи ја започна исплатата за последното тримесечје, при што износот на повратот се пресметува врз основа на фискалните сметки што граѓаните ги скенирале преку апликацијата.

Колку средства ќе добие секој корисник зависи од реализираните купувања и од правилата утврдени за мерката „МојДДВ“.

Граѓаните кои очекуваат поврат можат да ја проверат својата трансакциска сметка и да видат дали средствата веќе им се уплатени.

Од УЈП ги повикуваат граѓаните да продолжат редовно да ги скенираат фискалните сметки преку апликацијата, со што ќе можат да остварат право на поврат и во наредните исплатни периоди.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin