УТРО.мк

Пет лица пријавени за насилство во Скопје, двајца добија 30 дена притвор

Пет лица пријавени за насилство во Скопје, двајца добија 30 дена притвор
Vero

Расчистено насилство во Скопје, поднесена кривична пријава против пет лица

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против Е.М., Е.Р.(30), Ѓ.А., А.Р.(32) и еден малолентик поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик.
Имено, на 16.08.2026 во 01:15 часот на подрачјето на општина Аеродром настанала физичка пресметка помеѓу Н.Е.(36) и Е.М.(43) од Скопје. Притоа, С.И.(23) од Скопје се обидел да му помогне на Н.Е., но за кратко се собрале повеќе лица и со тврди и стаклени предмети ги нападнале Н.Е. и С.И. и им нанеле тешко телесни повреди.
По преземени мерки, обезбедени се лицата, извршено е препознавање и во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривичната пријава. Тие се изнесени пред судија за претходна постапка, кој на Е.М. и Е.Р. им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена, а на Ѓ.А. и А.Р. им одреди мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin