УТРО.мк

(ВИДЕО) Граѓани се тепаа пред Полициската станица во Кочани, интервенираше МВР – четворица приведени

(ВИДЕО) Граѓани се тепаа пред Полициската станица во Кочани, интервенираше МВР – четворица приведени
Vero


Масовна физичка пресметка се случила вчера попладне во Кочани, во непосредна близина на влезот на Полициската станица, а снимки од инцидентот набрзо почнаа да се шират на социјалните мрежи.

Во тепачката учествувале шест лица, а според информациите што се појавија во јавноста, неколкумина биле повредени. Настанот официјално го потврди и Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека вчера, 15 август 2026 година, во 19:15 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В. (22), Ј.В. (19) и М.В. (47), сите од Кочани, како и И.А. (46) од струмичкото село Баница.

Според полицијата, на физичката пресметка ѝ претходела расправија на улицата „Тодосија Паунов“ во Кочани.

По вербалниот конфликт дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле вклучени вкупно шест лица.

Полициските службеници презеле мерки на местото на настанот, по што четири лица биле приведени.

По целосното документирање на случајот, против лицата биле поднесени соодветни поднесоци.

Од МВР најавија и дополнително испитување на сите околности поврзани со настанот.

„За целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности и евентуални пропусти при постапувањето, ќе бидат вклучени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за униформирана полиција“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Случајот привлече дополнително внимание во јавноста поради тоа што физичката пресметка се случила непосредно пред полициската станица, а снимките од инцидентот масовно се споделуваа на социјалните мрежи.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin